БЕШЕ ВО БРАК СО НЕГОВИОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ ПА МУ РОДИ ДЕТЕ По 13 години врска конечно ја запроси!
Сајмон и Лорин се исклучително богати – магнатот од шоу-бизнисот се стекна со богатство кое се проценува на повеќе од 700 милиони долари.
Водителот на шоу-програмата „Икс фактор“, Сајмон Кауел, одлучил да ја запроси својата партнерка Лорин Силверман (44) по 13 години врска.
Сајмон има 62 години и долго време зборуваше дека воопшто не верува во брак. Сепак, се чини дека настаните во неговиот живот во последните неколку години го променија и ова негово верување. Имено, познатиот ловец на таленти доживеа тешка повреда, го скршиi ‘рбетот во текот на возењето на електричен велосипед, а токму Лорин била со него цело време.
Тој успешно се опорави од повредата, но епидемијата на коронавирусот ги натера двајцата партнери да поминуваат повеќе време заедно отколку што беше случајот порано. Нивната љубов, под овие околности, едноставно „процвета“. Како што изјавил еден од пријателите на Сајмон за британските медиуми, водителот конечно сфатил дека Лорин е вистинската жена за него.
Затоа, го искористил одморот на Барбадос да клекне пред децата и да ја запроси убавата Лорин. Таа веднаш кажала „да“, а датумот на венчавката засега не е познат.
Инаку, парот го има синот Ерик, додека Лорин од првиот брак го има синот Адам. Исто така, Сајмон и Лорин се исклучително богати – магнатот од шоу-бизнисот се стекна со богатство кое се проценува на повеќе од 700 милиони долари.
Злите јазици не пропуштаат да потсетат дека Сајмон му ја презема оваа богата Американка од својот пријател Ендру Силверман, со кој беше во брак во моментот на запознавањето со славниот Сајмон.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм