БЕШЕ СВЕТСКИ ПРВАК ВО 2015 ГОДИНА ВО ПЕКИНГ На 29 години почина скокачот со стап Шон Барбер
Веста за смртта на Барбер ја објави на социјалните мрежи неговиот менаџер Пол Дојл, не наведувајќи детали за околностите под кои настапила смртта на младиот атлетичар.
Поранешниот светски првак во скок со стап, Канаѓанецот Шон Барбер, почина на 29 – годишна возраст измината ноќ во својот дом во Тексас.
Барбер ја освои титулата светски првак во 2015 година во Пекинг, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 5.90 метри, а истата година триумфираше и на Панамериканските игри во Торонто.
Веста за смртта на Барбер ја објави на социјалните мрежи неговиот менаџер Пол Дојл, не наведувајќи детали за околностите под кои настапила смртта на младиот атлетичар.
„Пријател кој никогаш нема да биде заборавен. Канадските олимписки скокач со стап Ѓон Барбер почина“, напиша Дојл на Инстаграм.
Барбер сè уште е актуелен канадски рекордер во сала со прескокнати 6 метри и на отворено со резултат од 5.93 метри.