БЕШЕ ШОКАНТНО УБАВ, СЕ ВОЗБУДИВ Еве кој актер бил маѓепсан од Бред Пит (ФОТО)

Во текот на искреното интервју и осврнувањето на незаборавните сцени, драмскиот уметник се присетил како реагирал на извајаното тело и изглед на Бред Пит.

1,462

Иако познатиот драмски уметник ги сака жените и е на постара возраст, не можел да остане имун кога на сетот се појавил холивудскиот заводник Бред Пит.

Британскиот актер Брајан Кокс зборувал (75) во интервјуто за „Венити фер“ се присетил на прочуеното остварување „Трој“ од 2004 година, кога останал „парализиран“ од неверојатниот изглед на колегата од сетот Бред Пит.






Кокс исто така рекол дека улогата на Агамемнон во историскиот еп на Волфганг Петерсен била „единствената улога која навистина ја барал“, пренесува НМЕ.

– Никогаш ништо не сум барал. Секогаш дозволував да испадне онака како што испаднало. Знаев дека улогата е достапна и дека сум вистинскиот избор за неа. Доброволно се пријавив да одлетам за Лондон и да го запознаам Волфганг Петерсен – истакнал со гордост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D Star News USA (@dstarnewsusa)


Во текот на искреното интервју и осврнувањето на незаборавните сцени, драмскиот уметник се присетил како реагирал на извајаното тело и изглед на Бред Пит.

– Се сеќавам дека во еден момент се возбудив поради Бред. Тој никогаш не бил во такви костими. Бред дојде  на сетот и јас зинав колку беше шокантно убав. Јас сум стрејт, но си помислив: „Вау, мој Боже! Ова момче е неверојатно“. Какви шанси има некој покрај толку убав, преубав човек на екранот“, раскажал актерот Кокс и ја шокирал публиката.

ФОТO: Инстаграм

Поврзани содржини