БЕШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИСЛАНД, А СЕГА Е ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ Ретко кој го препознава скромниот Гудни Јоханесон
Јоханесон беше најмлад претседател во историјата на Исланд, а неговиот мандат беше од 2016 до 2024 година.
Поранешниот претседател на Исланд, Гудни Јоханесон преку летото работи како водич во Националниот парк Тинвелир.
Јоханесон беше најмлад претседател во историјата на Исланд, а неговиот мандат беше од 2016 до 2024 година.
Тој изјави дека поголемиот број туристи не го препознаваат како поранешен шеф на држава.
Чест ми е да ја споделам историјата на ова место и Исланд. Повеќето посетители немаат поим кој сум јас, а тоа е едноставно прекрасно, посочи Јоханесон.
Јоханесон покрај летниот ангажман како туристички водич, и понатаму работи како историчар и има титулата доцент на Универзитетот во Исланд.