БЕШЕ ПРЕМНОГУ УБАВО ЗА ДА ПОТРАЕ Сана Марин изгуби на изборите во Финска

Пред нејзината социјалдемократска партија беа централно-десничарските и крајнодесничарските партии, кои постигнаа рекордни резултати.

659

Финската социјалдемократска премиерка Сана Марин го призна поразот на парламентарните избори вчера, откако нејзината партија заврши на третото место зад централно-десничарските и крајнодесничарските партии, кои постигнаа рекордни резултати, пренесе АФП.

– Му честитам на победникот на изборите, ѝ честитам на (конзервативната) Национална коалициска партија, ѝ честитам на (екстремно десничарската) Партија на Финците. Демократијата проговори – им рече Марин на своите поддржувачи.






Лидерот на финската централно-десничарска партија Петри Орпо победи на парламентарните избори, со второ место на крајнодесничарската партија Вистински Финци, пред социјалдемократите на премиерката Сана Марин, кои беа на третото место.

– Ова е голема победа. Врз основа на овој изборен резултат ќе започнеме преговори за формирање влада во Финска – изјави Орпо, 53-годишниот шеф на конзервативната партија Национална коалиција, пред своите поддржувачи.

Најголемата партија во парламентот традиционално ја добива првата можност да формира влада.

Со преброени 96 отсто од гласовите, партијата на десниот центар доби 48 од 200 места во парламентот, екстремната десница – 46, а социјалдемократите – 43.

Поврзани содржини