Беше најсилниот човек на светот, а тоа многу го чинеше: „Јас сум шампион кој не може да стои на нозе“ (ФОТО)

Колеман на својот Инстаграм профил напиша дека повеќе години се мачи со болки во колената и грбот, како и дека направил три операции вредни 2 милиони евра, само за да може повторно да чекори, но за жал, состојбата се искомплицирала и тој одредено време не може да стои на нозе.

789

Рони Колеман е еден од најпознатите бодибилдери во светот, но токму таа слава што ја стекна благодарение на своите огромни мускули, сега го чини многу. Денес, овој спортист, едвај оди.

Во својата кариера Колеман осумпати победи на елитните натпревари на Мистер Олимпиа, а не постои спортско списание во светот што не пишувало за неговите успеси. Но, патот до врвот е трнлив, бара многу откажувања во животот, а си бара и користење забранети средства кои можат да му наштетат на човековото тело.






Колеман на својот Инстаграм профил напиша дека повеќе години се мачи со болки во колената и грбот, како и дека направил три операции вредни 2 милиони евра, само за да може повторно да чекори, но за жал, состојбата се искомплицирала и тој одредено време не може да стои на нозе.

„Операциите не поминаа како што треба и сето тоа доведе до резултат да не можам да стојам на нозе. Мора да сфатите дека не ми е лесно и дека секоја операција е многу тешка, но и многу чини – околу 500.000 евра. Само на последните три операции потрошив околу два милиони евра и после сè, повторно не можам да стојам, но нема да се откажам. Сакате да бидете како мене? Тогаш, не заборавајте дека јас сум шампион кој не може да стои на нозе“ – напишал Колеман на Инстаграм.

Поврзани содржини