Захија Дехар не избирала средства да дојде до слава, а пред седум години се најде во центарот на скандалот кога се дозна дека двајца фудбалери имале сексуални односи со неа кога била малолетна проститутка.
View this post on Instagram
Името Захија Дехар е добро познато во Франција, но и ширум светот по скандалот од 2010 година, кога фудбалерот Карим Бензема заедно со Франк Рибери се нашол во центарот на скандал со тогаш малолетната проститутка Захија. Таа тогаш за вечер со фудбалерите добила 700 евра, а потоа добила повик на суд, на кој било утврдено дека фудбалерите не можеле да знаат колку години има. Парискиот суд во јануари 2014 година ја отфрлил тужбата против Карим Бензема и Франк Рибери, која ги товарела за заведување на малолетничката Захија Дехар во 2010 година.
Оваа девојка во време на големиот скандал работела како проститутка, а поради тоа фудбалерите за малку ќе завршеле зад решетки. Згора на сѐ, била и малолетна.
Од тој момент нејзината кариера „експлодирала“, па била на насловните страници на многу светски новини, а финансиери од сите страни на светот ѝ нуделе пари да изгради кариера. Поради нејзиниот став и интервјуата во Франција го добила прекарот „Скандалозна“.
View this post on Instagram
Родена е во Алжир на 25 февруари 1992 година, а на 10 години со својот брат се преселила во Франција.
На 16 години станува проститутка, а се зборувало дека месечно заработува 20.000 евра од најстариот занает на светот.
Нејзиниот татко и понатаму живее во Алжир и се откажал од неа откако испливале обвиненијата и секс-скандалот. Во Франција, инаку, сексуалните односи се дозволени од 15 години, но законот вели и дека проститутките не смеат да бидат помлади од 18 години. Поради неа Бензема бил исфрлен од репрезентацијата непосредно пред Светското првенство во 2010 година.
Таа денес е актерка во познати улоги во филмовите „Лесна жена“ и „Жозефин, бремена и прекрасна“, а во меѓувреме огромниот медиумски публицитет го искористила и станала дизајнер на долна облека.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм