📷 🎥 БЕШЕ И ОСТАНА КЛАСА Џејн Фонда на 86 години ги засени сите убавици на црвениот тепих во Кан

747

Филмскиот фестивалот во Кан беше отворен синоаќа, 14 мај, со премиерата на филмот „Вториот чин“, а на црвениот тепих продефилираа бројни европски и меѓународни актерки, манекенки и инфлуенсерки кои на дело ја покажаа магијата на високата мода.

Синоќа вниманието го привлекоа изданијата на руската манекенка Татјана Корсаков во елегантен, но заводлив фустан од зелено кадифе, а манекенката Тејлор Хил покажа дека нема грешка со црно-бела тоалета. Фанцуската актерка Жулиет Бинош изгледаше блескаво во раскошен црвен фустан.






Легендарната Џејн Фонда беше и остана класа, а сега тоа го докажа и во Кан. На 86-годишна возраст во класичен црн костум и палто со леопард принт ги засени сите останати благодарение на својот став и вродената елеганција.

 

Џејн позираше во ласкав стајлинг, а сите погледи беа вперени во накитот што ѝ беше нанижан околу стомакот и половината. Освен накитот, ѕвезда на целиот изглед беше и везот, низата шарени цветови, кои даваа посебна доза на шарм.

Врз овој гламурозен комбинезон, Џејн ставила впечатливо жолто-црно палто со леопардов дезен на рамениците.

Kосата ѝ беше свиткана во неправилни бранови и така постигна вистински француски изглед. Холивудската дива целиот изглед го завршила со светло црвен кармин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Fonda Source (@janefondasource)

Поврзани содржини