БЕШЕ ХРВАТСКИ ТРЕНЕР НА ВЕКОТ Почина Мирослав Ќиро Блажeвиќ

Беше селектор на Швајцарија, Југославија и на Хрватска, а на клупско поле раководеше со клубови во уште шест земји: Франција (Нант, 1988-1990), Грција (ПАОК, 1991/1992), Словенија (Мура 2003) и Кина (Шангај Шенхуа, 2010). 

240

На ден пред својот 88 роденден почина Мирослав Ќиро Блажевиќ, легендарниот хрватски тренер.

Блажевиќ беше прогласен за „тренер на векот“ на Динамо, клуб на кој по 24 години му ја донесе шампионската титула во 1982.






Својата блескава тренерска кариера Блажевиќ ја започна во Швајцарија, во нисколигашот Вевеј, потоа го презеде Сион со кој го освои првиот тренерски трофеј, Купот на Швајцарија во 1974 година. Ги предводеше и Лозана Спорт а во 1976 година ја водеше швајцарската фудбалска репрезентација на два меча. По враќањето во Југославија работеше во Риека, Динамо.

Покрај Швајцарија, беше селектор и на Југославија и на Хрватска, а на клупско поле раководеше со клубови во уште шест земји: Франција (Нант, 1988-1990), Грција (ПАОК, 1991/1992), Словенија (Мура 2003) и Кина (Шангај Шенхуа, 2010). 

Поврзани содржини