БЕШЕ ХРВАТСКИ ПРЕМИЕР, СЕГА Е ЗАТВОРСКИ БИБЛИОТЕКАР Иво Санадер културно ги воздигнува затворениците

Во суштина тоа е затвор кој не е затвор. Во текот на денот слободно шетаат низ комплексот, пијат кафе, примаат посетители. Тоа е затвор од човечки размери, изјавил адвокатот на Санадер.

3,623

Во вестите на српската телевизија „Нова“ беше потврдено дека Иво Санадер, поранешниот премиер на Хрватска, станал раководител на затворската библиотека во затворот Липовица. Тој не е вработен, но сепак е затвореник, но е задолжен за културното издигнување на затворениците. Санадер беше префрлен од Реметинац во Липовица и сега неговата одбрана се надева дека ова е првиот чекор кон слободата.

Поради примерно однесување, но и нарушено здравје, поранешниот хрватски премиер Иво Санадер повеќе не е во Реметинац,  пренесува Н1.






– Господинот Санадер веќе неколку месеци е во Казнено поправниот дом во Липовица. Тоа е полуотворен затворски систем, а сега е во многу подобри затворски услови отколку што беше порано – објасни неговиот адвокат Чедо Продановиќ.

Во Липовица околу 80 осуденици ја отслужуваат казната во соби со просечна површина од 20 метри квадратни, а поранешниот премиер ја дели својата соба со цимер. Затворениците имаат постојана медицинска нега – лекар и две медицински сестри – и бројни други поволности, пишува Дневник.хр.

Против Санадер се водеа пет постапки.

– Во суштина тоа е затвор кој не е затвор. Во текот на денот слободно шетаат низ комплексот, пијат кафе, примаат посетители. Тоа е затвор од човечки размери – рече Продановиќ.

– Еднаш бев со него, тој сè уште не го направи тоа, но очигледно е дека тој е задолжен да се грижи за културното издигнување на затворениците – истакна Продановиќ, додавајќи дека никогаш не го загубил духот, иако поминал речиси една деценија зад решетки.

– Тој е тврд, издржа многу потешки услови, па сега нема никакви проблеми. Се разбира, тој следи политика, но ние не се занимававме премногу со политика – рече тој.

Според здружената пресуда за аферите Фими медиа, Планинска и ИНА-МОЛ, Санадер мора да помине вкупно 18 години зад решетки. Против него се водеа пет постапки, од кои во две е правно ослободен.

 

Поврзани содржини