БЕШЕ ДОЛГОГОДИШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА И ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА ИЗРАЕЛ Почина Виктор Мизрахи

Виктор Мизрахи е роден во 1950 година во Скопје во еврејско семејство кое загубило стотина членови по бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи во Втората светска војна.

2,332

По кусо боледување денеска почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел.

Виктор Мизрахи е роден во 1950 година во Скопје во еврејско семејство кое загубило стотина членови по бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи во Втората светска војна.






Ќерката на Мизрахи, Рашела, која е пратеник во македонското Собрание во последниот поздрав до својот татко објави едно негово животно мото: Да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото.

Виктор Мизрахи активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка.

Поврзани содржини