БЕШЕ ДОКТОР НА НАУКИ, ЕКОНОМИСТ И ПОЛИТИКОЛОГ Почина Владимир, синот на првиот претседател Киро Глигоров

Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика", меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal" и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа. 

3,199

На 78-годишна возраст денеска во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија” во Њујорк.






Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски науки, а од 1994 година беше вработен на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Во своите истражувања особено се занимаваше со долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари.

Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика”, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal” и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа. 

Поврзани содржини