БЕШЕ ДИРЕКТОР НА ТВ СКОПЈЕ, РАБОТЕШЕ ЗА РОЈТЕРС, ЈУТЕЛ… Почина новинарот Иван Андреевски-Мачето

Роден е на 25 јуни 1947 година, во Доленци, Демирхисарско. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 година стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист.

826

Почина Иван Андреевски, познат новинар и уредник во Македонската телевизија , познат и како Иван Мачето.

Роден е на 25 јуни 1947 година, во Доленци, Демирхисарско. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 година стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист.






Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони.

Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел и како претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија.

Од 2006 година беше член на Советот за радиодифузија.

Поврзани содржини