БЕСА Е ЗАГРИЖЕНА ОД МЕТОДИТЕ НА ДУИ Во опасност се демократијата и слободното политичко дејствување
Од партијата посочуваат дека за нив достигнување се 26.000 освоени гласови кои ја потврдиле политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 година.
На состанок на централно претседателство на Движење Беса во Тетово е утврден партискиот став дека на последните локални избори се исполнети зацртаните објективи како што е победата во Општина Тетово и Општина Желино.
Од партијата посочуваат дека за нив достигнување се и 26.000 освоени гласови кои ја потврдиле политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 година.
– Движењето Беса уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од страна на СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата. Исто така апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Движењето Беса. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Македонија се во опасност, се наведува во партиското соопштение.
Движењето Беса уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтегративните процеси, сметајќи дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Македонија.
Од партијата посочуваат дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата, а партнерство со САД и ЕУ ја обезбедува прозападната иднина на Македонија. Беса ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија како и борбата против апсолутната власт на ДУИ и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели.