БЕСА ЈА ПРОДОЛЖУВА ВОЈНАТА, ЌЕ ГО ПОБЕДИМЕ ЗЛОТО Аријанит Хоџа вели дека секој ќе одговара за своите постапки

Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот, истакна Аријанит Хоџа, секретар на Движењето Беса.

1,121

Врвот на опасноста на демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и на пратениците им се оневозможува слободното изразување на волјата, објави секретарот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, на својот Фејсбук профил.

„Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај сè, Движењето Беса ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото“, пишува Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето Беса „продолжува со политичкото патување“.






Тој уште посочува дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“.

Поврзани содржини