Беса ја напушти пратеничката група на СДСМ

2,011

Претениците на Беса од денеска во Собранието нема да биде дел од парламентарната група „Можеме“. Пратеникот Фадил Зендели за Плусинфо вели дека остануваат во владеачкото мнозинство, но се решиле да излезат од „Можеме“ за да бидат препознатливи кај сопственото гласачко тело.

– Заради препознатливост и од организациски причини решивме да не дејствуваме во пратеничката група на коалицијата „Можеме“ туку нашите четири пратеници да дејствуваат во Собранието како Беса. Во коалицијата „Можеме“, која брои 46 пратеници Беса го губи идентитетот. Друг е впечатокот и за нашето гласачко тело кога ние ќе настапуваме како Беса – ни изјави Зендели.

Поврзани содржини