Согласно барањето на Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, а поради зголемување на работно време во банките/брокерските куќи, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за враќање на редовното време на тргување на Берзата.
Во соопштението од Берзата почнувајќи од 04.05.2020 година (вчера), времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот.
Соодветно на оваа измена направени се измени и прилагодувања на сите пропишани временски распореди во рамките на денот на тргување.