„БЕРОВСКИ“ ВО ХРОМ ЌЕ ДОБИЕ 8 НОВИ УЧИЛНИЦИ Наставата ќе се одвива во една смена

96

Општина Ѓорче Петров потпиша договор за доградба на подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром.

Со проектот е предвидена изградба на осум нови училници со вкупна површина од 560 м², со енергетски ефикасна фасада и систем за централно греење, што ќе овозможи современи, безбедни и функционални услови за работа.






Новите простории ќе овозможат едносменско одвивање на наставата, што значи повеќе простор, подобра организација и поквалитетен наставен процес за учениците и наставниците.

Во рамките на училиштето, веќе е целосно завршена изградбата на новата спортска сала, со што се заокружува современ училишен комплекс кој ги обединува образованието и спортот во едно.

– Со завршената спортска сала и доградбата што следи, создадовме услови какви што навистина заслужуваат нашите ученици. Ова не е само инфраструктурен проект, туку инвестиција во образованието и иднината на Ѓорче Петров – изјави градоначалникот Александар Стојкоски, кој се кандидира за втор мандат на претстојните локални избори.

 

Поврзани содржини