БЕРОВЧАНИ СО ЛАЖНИ ПЦР-ТЕСТОВИ НА ГРАНИЦА Приложиле фалсификувани документи на преминот кај Делчево

Поднесени се кривични пријави против М.Д.(23) и Б.Б.(22), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

162

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднел кривична пријава против двајца беровчани поради приложување фалсификуван негативен ПЦР тест на Граничниот премин Делчево на 28 февруари годинава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека се поднесени кривични пријави против М.Д.(23) и Б.Б.(22), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Поврзани содржини