БЕРЛУСКОНИ НА 85 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Контроверзниот поранешен премиер е избран за сенатор
Пред девет години Берлускони беше осуден за фискална измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната истече во 2018 година.
Силвио Берлускони, лидерот на екстремно десничарската партија „Форца Италија”, успеа да освои место во италијанскиот Сенат на вчерашните избори во Италија како дел од десничарската коалиција.
Осумдесет и петгодишниот Берлускони е избран од Монца, централна Италија. Таму тој е сопственик на локалниот фудбалски тим. Ова е негова деветта изборна кампања, а во неа тој на ТикТок собра 600.000 следбеници.
Пред девет години Берлускони беше осуден за фискална измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната истече во 2018 година.
Берлускони, кој беше четири пати премиер на Италија, неодамна имаше и здравствени проблеми. Поради ковид-19 тој беше хоспитализиран во септември 2020 година.