БЕРЛИН СЕПАК ДА РАЗМИСЛИ ЗА НАФТЕНО ЕМБАРГО Цените нагло скокнаа, неизвесно е и светското снабдување со храна
Кризата со поскапување на цените на енергенсите во целиот свет ќе се одрази и на храната. Од Светската програма за храна(СПХ) потсетуваат за наглиот раст на цената на житото и покрај тоа што СПХ купува половина од произведеното жито во земјата.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска навести дека Берлин треба да размисли за воведување ембарго на нафта од Русија поради нејзината окупација врз Украина. Бербок рече дека е важно да се заземе став наместо да се молчи поради економската или енергетската зависност од Русија.
– Иако е тешко, треба да се заземе став, вклучително и прашања поврзани со нафтата или ембаргото за други производи – рече Бербок.
Германија добива околу една третина од вкупната количина нафта и половина од јаглен и природен гас од Русија. Зборувајќи за безбедносната политика, Бербок предупреди и на зголеменото влијание на Кина врз енергетската инфраструктура во Африка и Азија, велејќи дека Германија наскоро ќе предложи нова стратегија за односите со Пекинг.
Кризата со поскапување на цените на енергенсите во целиот свет ќе се одрази и на храната. Од Светската програма за храна(СПХ) потсетуваат за наглиот раст на цената на житото и покрај тоа што СПХ купува половина од произведеното жито во земјата.
– Со рекордно високите глобални цени на храната, СПХ е загрижена за влијанието на украинската криза врз светската безбедност на храната, особено во местата погодени од глад – рече Керн, претставник од СПХ.
Според него изјави дека синџирите за снабдување со храна во Украина веќе се распаѓаат, предупредувајќи дека дел од инфраструктурата е уништена, а продавниците и складиштата се празни.
– Синџирот за снабдување со храна во земјата се распаѓа. Движењето на стоки е забавено поради небезбедноста – рече Јакоб Керн, координатор за итни случаи на СПХ, во врска со кризата во Украина.
Тој изрази загриженост за ситуацијата во градови како што е Мариупол, додавајќи дека резервите на храна и вода се при крај и дека нивните конвои не можат да влезат во градот.
Поради инфлацијата и украинската криза, СПХ плаќа дополнителни 71 милион долари месечно за храна.
– Сега ги менуваме добавувачите, но тоа се одразува на цените. Колку подалеку купувате, толку станува поскапо – наглчаси Керн.