Берлин: Седум лица се повредени откако автомобил удрил во нив (ВИДЕО)

Едно од прегазените лица се нашло под автомобилот, кога тој запрел, и морало да се реанимира.

428

Возач на патнички автомобил утринава повреди седум лица во Берлин, откако, без да запре, влетал во група луѓе на градски плоштад Харденбергплац, наведуваат германските медиуми

Едно од прегазените лица се нашло под автомобилот, кога тој запрел, и морало да се реанимира.






Седум други лица се здобиле со полесни и делумно посериозни повреди.

Возачот на автомобилот е уапсен, а заднината на случајот засега е непозната.

Поврзани содржини