Берлин се насочува кон Москва поради катастрофалната состојба со вакцините во ЕУ
Во случај европските регулатори да го одобрат рускиот препарат, таа ќе стане четврта вакцина на европскиот пазар по вакцините на компаниите „Фајзер/БиоНТек“, „АстраЗенека“ и „Модерна“.
Германските власти размислуваат за руската вакцина „Спутник V“ поради катастрофалната состојба со вакцините во ЕУ, пишува германскиот весник „Спектакор“.
Во случај европските регулатори да го одобрат рускиот препарат, таа ќе стане четврта вакцина на европскиот пазар по вакцините на компаниите „Фајзер/БиоНТек“, „АстраЗенека“ и „Модерна“.
– Лесно е да се разбере зошто Германија може да се придржува до вакцината „Спутник V“. Употребата на „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“ е тешка поради доцнењето на испораката и политичките пресметки“, пишува „Спектакор“.
Кога станува збор за вакцината „АстраЗенека“, европските регулатори сè уште се претпазливи во врска со оваа вакцина.
Во статијата се посветува внимание на публикацијата за резултатите од третата фаза на клиничките испитувања на вакцината „Спутник V“ во престижното медицинско списание „Лансет“. Тестовите ја потврдија големата безбедност на препаратот и ефикасноста од 91,6 проценти.
Според германскиот весник, оваа вест била причина за „бурната активност“ во Германија.
– Во Германија ја поздравија можноста за добивање на друга вакцина, бидејќи во земјата расте незадоволството поради бавниот тек на вакцинацијата – се наведува во весникот.
Германската канцеларка Ангела Меркел во јануари изјави дека и понудила помош на Русија во регистрирањето на вакцината „Спутник V“ во ЕУ.
Според неа, Германија е подготвена за соработка, но за да може вакцината да се користи во ЕУ, мора да добие одобрение од Европската агенција за лекови.
Сепак, една членка на ЕУ, Унгарија, самостојно ја купува руската вакцина, а Чешка моментално преговара за набавка на руската вакцина.