„БЕРЛИН САКА ДА ГО НАПАДНЕ КРИМСКИОТ МОСТ“ Кремљ објави аудио-снимка, Западот вознемирен
Што има на наводната аудио-снимка? Кремљ објави 38-минутен разговор 38-минутен разговор во петокот, за време на кој четворица високи офицери на Бундесверот разговараат за можноста за испраќање ракети „Таурус“, во превод „бик“, во Украина која прикажува разговор во германската војска.
Разговорот меѓу германските офицери за планираните напади на Крим го нагласува директното вклучување на Западот во конфликтот во Украина, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА. Бриселски „Политико“ напиша дека „протечениот разговор го стресе Берлин“.
Автентичноста на снимката не е потврдена. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги нарече апусрдни наводите дека Германија планира да ја нападне Русија и рече дека Москва води „информациска војна“ со Берлин.
Според „Тајмс“ протекувањето на разговорот ќе ги вознемири сојзуниците во НАТО бидејќи податоците од разговорот „ќе му помогнат на руското разузнавање да го следи движењето оружје во Западна Европа“.
Што има на наводната аудио-снимка? Кремљ објави 38-минутен разговор 38-минутен разговор во петокот, за време на кој четворица високи офицери на Бундесверот разговараат за можноста за испраќање ракети „Таурус“, во превод „бик“, во Украина која прикажува разговор во германската војска.
РИА пишува дека се разговарало за тоа дали ќе се бомбардира Кримскиот мост.
„Конкретно, станува збор за употреба на ракети Таурус и францускиот ловец Рафал. Згора на тоа, учесниците во разговорот се обидоа да најдат начин да го нападнат мостот, но да не ја направат Германија страна во конфликтот. Една од опциите беше да се обучуваат Украинци“.
– Тука, се разбира, треба да откриеме дали Бундесверот го прави тоа самоиницијативно, тогаш прашањето е колку Бундесверот е контролиран и колку господинот Шолц ја контролира оваа ситуација или е ова дел од државната политика на Германија. Двете се многу лоши, и двете уште еднаш го нагласуваат директното вклучување на земјите од таканаречениот колективен Запад во конфликтот околу Украина – рече Песков.
Песков истакна дека самата снимка од разговорот сугерира дека Бундесверот суштински и конкретно разговара за плановите за удари на руска територија.
– Ова не бара никакво правно толкување, овде сè е повеќе од очигледно – нагласи секретарот за печат.
Тој потсети дека Шолц ветил дека ќе спроведе брза и ефикасна проверка и изрази надеж дека Москва, барем преку медиумите, ќе знае до што довела оваа проверка.
Во петокот, 1 март, главната уредничка на медиумската група „Россија Сегодња“ и телевизискиот канал РусијаДенес(РТ), Маргарита Симонјан, на социјалната мрежа ВКонтакте го објави целиот текст од разговорот меѓу германските офицери што се одржа на 19 февруари.
Официјалната претставничка на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека Москва бара објаснување од Берлин.
Утрово дипломатскиот оддел го повика на разговор германскиот амбасадор во Русија, Александар Ламбсдорф.