БЕРЛИН ОСТАНА БЕЗ ТЕНКОВИ! Германија бара од Швајцарија да им купи „Леопард 2“
Швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд му одговори на Берлин дека евентуалната продажба ќе бара од швајцарскиот парламент официјално да заклучи дека тенковите не се оперативни.
Берлин побара од Швајцарија да им ги продаде тенковите „Леопард 2“ од германско производство, кои се зачувани во магацини, така што ќе може да влијае на зголемувањето на воената помош за Украина, соопшти денеска владата во Берн.
Германија сака Швајцарија да ги продаде тенковите на нивниот производител Рајнметал.
Полска, Германија, Португалија, Фиска и Шведска се меѓу земјите кои испраќаат „леопарди“ во Украина, а со тоа ја ослабуваат сопствената одбрана.
Германските министри за одбрана и економија Борис Пасториус и Роберт Хабек го информираа Берн дека тенкови од Швајцарија нема да бидат испратени во Украина.
Врз основа на законот за неутралност и ембаргото за оружје, Швајцарија не смее да испраќа оружје директно во Украина.
Швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд му одговори на Берлин дека евентуалната продажба ќе бара од швајцарскиот парламент официјално да заклучи дека тенковите не се оперативни.
Швајцарската армија користи 134 тенкови „Леопард 2“, додека 96 се во складиште, според Ројтерс.
Берн веќе ги отфрли барањата на Германија, Шпанија и Данска да дозволи испраќање муниција од швајцарско производство од тие земји во Украина.