БЕРЛИН И КИЕВ СТАНАА ГРАДОВИ-ПАРТНЕРИ Вагнер и Кличко потпишаа декларација
Берлин е град на слободата, а Киев ќе остане слободен - изјави берлинскиот градоначалник Каи Вегнер пред потпишувањето на декларацијата за партнерство.
Берлин и Киев станаа градови партнери откако градоначалниците на двата града денеска во Берлин потпишаа декларација за партнерство.
– Берлин е град на слободата, а Киев ќе остане слободен – изјави берлинскиот градоначалник Каи Вегнер пред потпишувањето на декларацијата за партнерство.
Низ Берлин досега поминале околу 360.000 бегалци од Украина, а околу 100.000 од нив живеат во Берлин.
Вегнер и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно ја посетија и Бранденбуршката порта, а на разговорите што му претходеа на потпишувањето на декларацијата станало збор и за натамошно згрижување на повредените украински војници во болниците во Берлин.