БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ НА „ЛУКОИЛ“ ВО СТРАНСТВО ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДО 29 АПРИЛ 2026 ГОДИНА Трамп им даде уште време да го сменат сопственикот

Притоа се потсетува дека сите трансакции на „Лукоил Интернешнл“ со руските банки се забранети.

1

Канцеларијата за контрола на странските средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД тргна дел од санкциите за рускиот енергетски гигант „Лукоил“, со што дозволи неговите бензински пумпи во странство да продолжат да работат до 29 април следната година.

-Лиценцата овластува трансакции потребни за работење, одржување или затворање на бензинските пумпи на Лукоил надвор од Русија и се однесува на субјекти во сопственост на 50% или повеќе од „Лукоил Интернешнл“, со седиште во Австрија, холдинг компанија за странските бизниси на „Лукоил“ – наведуваат од  OFAC.






Притоа се потсетува дека сите трансакции на „Лукоил Интернешнл“ со руските банки се забранети.

Одлука, според американското министерство за финансии е со цел да се ублажи штетата за потрошувачите и добавувачите кои сакаат да се вклучат во обични трансакции со малопродажни бензински пумпи на „Лукоил“.

Министерството за финансии на САД објави санкции за двете најголеми руски енергетски компании -„Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври, за да ги намали приходите на Кремљ што се користат за финансирање на војната во Украина.

Ограничувањата првично требаше да стапат во сила на 21 ноември.

„Лукоил Интернешнл“, надгледува повеќе од 100 странски подружници на „Лукоил“ во околу 50 земји.

Во  регионот има околу 850 бензински пумпи и тоа 320 во Романија,  220 во Бугарија, Србија (112), Молдавија (повеќе од 100),  Хрватска (45),  Црна Гора (10) и во  Македонија (40)

Лукоил ги поседува и рафинериите во Романија и Бугарија.

Поврзани содржини