БЕНЗЕМА ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО ПРОПУШТЕЛ ВЧЕРАШНИОТ МЕЧ ПРОТИВ ЧЕЛСИ Ја загубил пропусницата на стадионот, не можел да ја најде

Реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите Реал – Челзи ќе се одржи на 12 април со почеток во 21 часот.

327

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека напаѓачот Карим Бензема можел да го пропушти првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челзи (3:1) поради губењето на пропусница за влез на „Стемфорд Бриџ“, каде се играше натпреварот.

Французинот постигна хет-трик на оваа средба.






– Пред натпреварот, Карим не можеше да ја најде својата акредитација за влез на стадионот. Го замолив да побрза, во спротивно немаше да може да влезе на теренот. За среќа, Бензема ја најде својата пропусница – рече Анчелоти во интервјуто по натпреварот во Лондон.

Реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите Реал – Челзи ќе се одржи на 12 април со почеток во 21 часот.

Поврзани содржини