Бензема: Реал Мадрид е на вистинскиот пат

Реал во моментов е втор на табелата со 40 бода од 19 натпревари. Лидер е Атлетико Мадрид со 44 бода од 17 средби.

226

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ги сумираше впечатоците од натпреварот од 20. коло на Шпанското фудбалско првенство против Алавес (4:1).

– Ова е многу добар натпревар и важен за нашата самодоверба. Треба да продолжиме да работиме како и порано. Секој ден работиме на подобрување на ефикасноста и асистенции. На овој меч погодоците дојдоа. По напорната недела, ние сме на вистинскиот пат – истакна Бензема.






Во овој клуб секогаш постои товар на одговорност. Јас секогаш сакам да им помагам на моите партнери, денес играв добро. Има уште многу првенствени натпревари до крајот и сите треба да размислуваме вака за да дојдеме до успехот, додаде францускиот фудбалер.

Реал во моментов е втор на табелата со 40 бода од 19 натпревари. Лидер е Атлетико Мадрид со 44 бода од 17 средби.

Поврзани содржини