📽 БЕНТЛИ ИЛИ ЈУГО, ПРАШАЊЕ Е СЕГА? Урнебесната пародија доби и битолска верзија
„Не сум се смеел толку гласно на објава неколку недели. Оваа шега ме погоди токму онаму каде што треба“, напишал еден од корисниците на таа мрежа во коментарите.
Помина повеќе од еден месец откако руската убавица Ала Брулетова сними реклама за Бентли, но мајтапот сè уште не престанува. Таа реклама многумина во регионот ја копираат, снимаат пародии, а деновиве таа доби и своја битолска верзија.
Имено, битолчанецот Мими Марковски, кој има канали на социјалните мрежо на кој објавува видеа како ги вози своите гости во југо, објави пародија на рекламата на Бентли.
Претходно, сопственикот на Инстаграм каналот „Забава.овде“ и одговори на Брулетова со застава 101, автомобил кој многу се возеше во Југославија. Ова видео стана хит на Инстаграм со 200.000 лајкови, а во меѓувреме беше голем успех и на Редит, каде од неделата насмеа милиони луѓе ширум светот.
„Не сум се смеел толку гласно на објава неколку недели. Оваа шега ме погоди токму онаму каде што треба“, напишал еден од корисниците на таа мрежа во коментарите.
@mimi4u16 Yugo #tiktokmakedonija🇲🇰 #bitola🇲🇰 #yugo #2023 #tiktok #zastava #makedonija🇲🇰 #showbiz #follow ♬ original sound – Mimi Markovski
View this post on Instagram