📷 БЕН ГО ПРЕКРШИ ЗАВЕТОТ ШТО ГО ИЗГРАВИРА НА СВРШЕНИЧКИОТ ПРСТЕН НА ЏЕНИФЕР Зборовите сега звучат тажно и болно
Џенифер Лопез (55) своевремено откри дека пред Бен Афлек (52) да ја запроси по вторпат во април 2022 година, на нејзиниот свршенички прстен со зелен дијамант изгравирал многу силна порака.
Џенифер Лопез (55) своевремено откри дека пред Бен Афлек (52) да ја запроси по вторпат во април 2022 година, на нејзиниот свршенички прстен со зелен дијамант изгравирал многу силна порака.
– Овој пат тој изгравира „Не одам никаде“, бидејќи на тој начин ги потпишуваше своите мејлови кога почнавме повторно да разговараме, како „Не грижи се, јас нема да одам никаде“ – рекла Лопез за „Apple Music One’s Zane“ по свршувачката.
За да биде иронијата поголема, Џенифер била таа која одлучила да става точка на бракот, поднесувајќи барање за развод токму на втората годишнина од бракот, во вторникот на 20 август. Извор ексклузивно откри за „Пејџ сикс“ дека Лопез посебно го избрала тој значаен датум за да му покаже на светот дека е жена која се бори за себе.
Како што тврди „Пејџ сикс“, нејзиниот шопинг во Западен Холивуд, Калифорнија минатиот викенд – во текот на кој носела гламурозен црн фустан – бил наменет да покаже дека го враќа своето достоинство.
Иако веќе со месеци имаше навестувања за распадот на бракот, а извори во мај изјавија дека нивниот брак изгледа како да е осуден на пропаст, Лопез го одредила 26 април 2024 година како официјален датум на разделбата.
Бен и Џенифер го поминаа целото лето живеејќи на спротивните брегови, откако на пазарот го ставија својот брачен имот вреден 60 милиони долари, давајќи им до знаење на обожавателите дека нивниот втор обид за среќен крај пропадна.