БЕН АФЛЕК БЕШЕ ВО ДЕПРЕСИЈА ПОРАДИ НЕА, А ТАА „ПАДНА“ НА ДИРЕКТОРОТ НА ТИНДЕР! Кој подобро се снајде? (ФОТО)

Пред околу една година Афлек и Ана раскинаа, а на актерот на почетокот овој крај тешко го поднесе.

1,367

Сексапилната кубанска актерка Ана де Армас ја воодушеви публиката во новото продолжение за тајниот аген Џејмс Бонд „Не е време за умирање“, а позната е и по врската со холивудскиот актер Бен Афлек, со кого дури еден период и заедно живееше во неговиот дом.

Пред околу една година Афлек и Ана раскинаа, а на актерот на почетокот овој крај тешко го поднесе.






Медиумите го фотографираа како ги фрла нивните заеднички работи во контејнер.

Меѓутоа, неговата тага не траеше долго бидејќи актерот ја освои својата стара љубов Џенифер Лопез. Нивните пријатели тврдат дека актерот и пејачката се среќни, а Бен долго време не изгледал вака задоволно.

Ана досега беше сама, а сега конечно е вљубена! Станува збор за Пол Букадакис, кој е познат по тоа што е директор на апликацијата Тиндер.

Папараците ги снимиле како разменуваат бакнежи на улица.

 

Изгледа дека поранешните љубовноци ја пронашле среќата на други страни.

 

Поврзани содржини