Белорускиот прв полицаец: Ако треба ќе пукаме врз демонстрантите!

Карајев истакна дека голем број полицсајци се повредени за време на протестите.

256

Министерот за внатрешни работи на Белорусија, Јури Карајев, синоќа изјави дека власта нема да се двоуми да употреби боева муниција против демонстрантите, ако биде неопходно за да се задушат протестите поради реизборот на Александар Лукашенко.

Тој додаде дека полицијата за време на протестите била премногу толерантна кон демонстрантите и најави пожесток одговор.






Карајев истакна дека голем број полицсајци се повредени за време на протестите.

Протестите во Белорусија траат од 9 август, откако Лукашенко беше реизбран за претседател, а опозицијата тврди дека изборите се фалсификувани и бара негова оставка.

Поврзани содржини