БЕЛОРУСИЈА СОБОРИЛА УКРАИНСКИ ДРОН НА 100 МЕТРИ ОД ГРАНИЦАТА „Уште една провокација“
Дронот е соборен од граничната патрола со автоматска пушка калашников. Квадкоптерот бил опремен со видео камера и бил користен за извидување и снимање на технички средства и објекти за заштита на границата на територијата на Белорусија, се наведува во извештајот на државниот граничен комитет.
Државниот граничен комитет на Белорусија денеска соопшти дека украинско беспилотно летало опремено за извидување е соборено на границата со Украина.
„Уште една украинска провокација: уште едно беспилотно летало е соборено на границата со Украина“, се вели во соопштението на одборот објавено на каналот Телеграм, пренесе Риа Новости.
Во соопштението се прецизира дека белоруските граничари во регионот Кобрин денеска откриле дека извидувачки квадкоптер-дрон се движел кон Белорусија од украинска територија, на 100 метри од границата со Белорусија.
„Дронот е соборен од граничната патрола со автоматска пушка калашников. Квадкоптерот бил опремен со видео камера и бил користен за извидување и снимање на технички средства и објекти за заштита на границата на територијата на Белорусија“, се наведува во извештајот.
Се вели дека се во тек дополнителни активности за проверка на сите факти во врска со овој случај, втор од ваков вид регистриран од 2 ноември.