БЕЛОРУСИЈА РАЗМИСЛУВА ДА РАСПОРЕДИ НУКЛЕАРКИ Ако НАТО ги постави во Полска, ќе ги ставиме и ние

Ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на евентуалните идни дејствија на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска, рекол Макеј.

568

Белорусија е подготвена да распореди нуклеарно оружје ако биде под закана од НАТО, изјави министерот за надворешни работи Владимир Макеј во интервју за арапскиот ТВ канал РТ, пренесува ТАСС.

– Она што го кажа претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на евентуалните идни дејствија на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска – рекол Макеј.

 






Со ова Макеј мислел на претходна изјава на Александар Лукашенко, каде белорускиот шеф рече дека Минск ќе ѝ понуди на Москва да постави нуклеарно оружје на нејзина територија доколку НАТО постави нуклеарно оружје во Полска.

Поврзани содржини