📽️ БЕЛО КАКО СРЕД ЗИМА Сушата ја замени град, страшно невреме во БиХ!
Невремето го зафати и Широки Бријег, а во Брадина попладне врнеше силен дожд.
По долгиот сушен период, многу области на БиХ денеска беа погодени од силно невреме, а најпогодени беа делови од Херцеговина.
Херцеговина Метео објави видео на кое се гледа како паѓа град во Невесиње, кој на некои места бил со големина и до 4,5 сантиметри.
Невремето го зафати и Широки Бријег, а во Брадина попладне врнеше силен дожд.
БХ Метео денеска соопшти дека доаѓа долгоочекуваниот крај на топлото и суво време и дека по почетниот југ и горештини во септември, можно е да се очекува постепен пад на температурите кон средината на месецот.