📽️ „БЕЛКИМ КЕНЕДИ НЕ МЕ ЗАРАЗИ СО КОВИД“ Познатиот министер кивна, Трамп направи кисела шега

Бог да те благослови, Боби. Се надевам дека не се заразив со Ковид!, изјави шефот на САД.

211

Среде сериозна дебата за лекови на рецепт, американскиот претседател Доналд Трамп ја прекинал прес-конференцијата откако министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор кивнал.

– Бог да те благослови, Боби. Се надевам дека не се заразив со Ковид! – изјави Трамп.






Притоа, погледот го насочил кон извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, кој исто така бил присутен, и извикал:
– Тој има Паксловид, дај ми Паксловид сега!

Паксловид е антивирусен лек кој се користи за намалување на симптомите на Ковид-19.

 

Неодамна на прес-конференција Трамп и Кенеди предупредуваа за можните врски на парацетамолот, наречен тајленол во САД, со аутизмот кај новороденчињата. Кенеди, министерот за здравство на САД, најави и ревизија во упатствата на етикетите на лекот, вклучително и јавна кампања во САД за наводната опасност од прекумерно земање на лекот кај трудниците.

Заедно со тврдењата за Тајленол, беше најавено дека ФДА ќе дозволи да се промени упатството на етиката за користење на левковорин (folinic acid) како терапија за деца со симптоми на аутизам, особено оние со недостаток на фолат во мозокот.

На наводите на Трамп и Кенеди реагираше научната фела во САД, бројни здруженија и самата ФДА, Администрацијата за здравство.

Роберт Ф. Кенеди Џуниор (RFK Jr.) е еден од најгласните и контроверзни критичари на вакцините во САД. Тој ја води организацијата „Children’s Health Defense“, која често ги поврзува вакцините, хемикалиите и околинските фактори со заболувања како аутизам, без јасни научни докази.

Во текот на неговата кариера, тој често користел реторика која се противи на вакцините и поттикнува сомнежи кон јавното здравство.

Иако на слушањата за неговата номинација за министер за здравство тој тврдел дека „не е антиваксер“, многу аналитичари и институции укажуваат дека неговите претходни изјави и дела говорат поинаку.

Администрацијата на Доналд Трамп неодамна склучи договор со фармацевтската компанија Фајзер, според кој Фајзер се обврза да намали цените на некои од своите лекови во САД, особено во програмата Меdicaid, така што ќе ги усогласи со најниските цени кои ги плаќаат јасни развиени земји

 

Поврзани содржини