БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА УДАР Три рецепти што помагаат за чистење на респираторниот систем

Нашите бели дробови се под влијание на многу штетни материи во воздухот! Овие три рецепти помагаат во чистењето на респираторниот систем

3,356

Дишењето е витална функција – пренос на кислород од воздухот до клетките на ткивата и пренос на јаглерод диоксид во спротивна насока. Може да се опише како спонтан, ритмички механички процес. Контракцијата и опуштањето на мускулите за време на дишењето предизвикува движење на гасовите од атмосферата кон белите дробови и обратно.

Кај ‘рбетниците кои дишат, респирацијата на кислород вклучува четири фази: а) вентилација од околниот воздух во белодробните алвеоли, б) белодробна размена на гасови од алвеолите до пулмоналните капилари, в) пренос на гасови од пулмоналните капилари преку циркулација до периферните капилари во органите и г) периферна размена на гасови од ткивните капилари во клетките и митохондриите.






Дишењето се состои од две дејства: вдишување и издишување. Не размислуваме за тоа додека не се појави проблем. Белите дробови се директно погодени од нечистотии во воздухот како прашина, смог, чад од тутун, мувла, штетни микроорганизми и слично. Сите овие супстанции ја загрозуваат работата на белите дробови, а последиците може да бидат: намален внес на кислород, отежнато дишење, па дури и задушување.

Долготрајното вдишување на нездрав воздух може да ги оштети белите дробови и да предизвика хронични заболувања како што се астма или бронхитис.

Постојат бројни методи за чистење на белите дробови, а за три од нив прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини