„БЕЛИОТ ДВОРЕЦ“ Е ДЕФИНИЦИЈА ЗА НЕЛЕГАЛЕН ИМОТ Од СДСМ советуваат документите од аферата „Тајни имоти“да ги добијат надлежните
Од СДСМ ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за имоти, прво да си погледне во своите редови и својот дворец.
„Белиот дворец“ на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните, реагира СДСМ на изнесените тврдења на ВМРО-ДПМНЕ во аферата „Тајни имоти“. Партијата порачува сите документи кои ги поседува БМРО-ДПМНЕ за нелегален имот да ги проследи во институциите.
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека 123 функционери имаат скриен имот во вредност од 30 милиони евра.
„Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните.ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска “, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за имоти, прво да си погледне во своите редови и својот дворец.
– Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта? – велат од СДСМ.
Оттаму го советуваат ВМРО-ДПМНЕ доколку навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, да ги достави до надлежната институција а тоа е ДКСК, за понатамошно постапување.