Белградска Арена повторно е пренаменета во ковид болница (ФОТО)
Главниот медицински координатор на таа болница, потполковник д-р Предраг Богдановиќ, изјави дека капацитетот за сместување е проширен за 150 нови кревети распоредени на третиот кат од салата и дека вкупно 510 легла сега се достапни за лекување во „Штарк арена.
Привремената ковид болница во белградската „Штарк арена“ повторно е подготвена да прима пациенти поради зголемениот број на заболени со коронавирусот, објави Министерството за одбрана на Србија.
– Следејќи го развојот на епидемиолошката состојба, српската војска уште еднаш ја подготви Арена за прием на пациенти. Подготвени сме да го сториме тоа веднаш штом медицинските власти тоа го побараа – изјави министерот за одбрана, Александар Вулин за време на неговата посета на времената ковид болница во Арена.
Министерството соопшти дека за време на викендот е исчистена и дезинфицирана времената болница во „Штарк арена“, инсталирани се дополнителни кревети и целата неопходна дијагностика.
Главниот медицински координатор на таа болница, потполковник д-р Предраг Богдановиќ, изјави дека капацитетот за сместување е проширен за 150 нови кревети распоредени на третиот кат од салата и дека вкупно 510 легла сега се достапни за лекување во „Штарк арена.
– Денеска се собра медицински тим од 15 здравствени установи во Белград. Тоа е комбинација на военото и цивилно здравје. Очекувам од утре да дојдат уште неколку лекари, кои ќе бидат медицински координатори, водачи на тимови – кажа Богдановиќ, наведувајќи дека во моментов во „Штарк арена“ се ангажирани 10 лекари и 20 медицински техничари.
Според последните податоци на Министерството за здравство, во Србија во моментов хоспитализирани се 390 лица заболени од Ковид-19, од кои 24 пациенти се приклучени на респиратор.