„БЕЛГРАД ДА ОДГОВАРА И ЗА ГЕНОЦИДОТ ВО ПРИШТИНА“ Косовскиот вицепремиер Бислими бара Србија да се соочи со минатото
На денешната средба на Бислими со претставници на Координативниот совет на семејните здруженија на исчезнатите од војната во Косово во 1998-99 година, според соопштението на владината служба за информирање, е истакната важноста од „интернационализација на геноцидот што го изврши Србија во Косово“.
Косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими изјави дека Србија, по усвојувањето на резолуцијата во Обединетите нации за признавање на српскиот геноцид во Сребреница во 1995 година и прогласувањето на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница, веќе е „меѓународно признаена како геноцидна држава“ и „мора да се соочи со минатото и да понесе одговорност и за геноцидот во Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната средба на Бислими со претставници на Координативниот совет на семејните здруженија на исчезнатите од војната во Косово во 1998-99 година, според соопштението на владината служба за информирање, е истакната важноста од „интернационализација на геноцидот што го изврши Србија во Косово“.
Во таа насока, речено е дека организациите можат целосно да се потпрат на поддршката на Владата, а нагласена е и неопходноста од „расветлување на злосторствата, масакрите и структурираните планови на Србија за етничко чистење на косовските Албанци“ и доведување пред лицето на правдата на одговорните за злосторствата.
„Република Косово продолжува со своите непрекинати институционални напори во оваа насока, но за жал се соочува со неподготвеност, негирање и нерешителност од српските власти за да ги расветлат. Србија, која сега е меѓународно признаена како геноцидна држава, мора да се соочи со минатото и да биде одговорна за геноцидот во Косово“, се вели во соопштението од владината прес-служба.