Белграѓанин стана хит поради домашната маска: „Штити, како не штити“ (ВИДЕО)

Но, последниве денови една маска од домашно производство од Србија е повторно хит, откако на ЈуТјуб се појави видео во кое господинот објаснува како ја направил маската и вели дека таа го штити од вирусот.

1,485

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, луѓето ширум светот се чинеше дека се натпреваруваат кој ќе ја измисли пооригиналната заштитна маска. На главата ставаа вреќи, долна облека, гас-маски …

Но, последниве денови една маска од домашно производство од Србија е повторно хит, откако на ЈуТјуб се појави видео во кое господинот објаснува како ја направил маската и вели дека таа го штити од вирусот.






Маж беше снимен во центарот на Белград кој направил црвена маска со отвори за очите и црева кои висат како сурла. „Штити бре, како не може да заштити“, одговара авторот на маската, кој насмеа многумина кога го прашаа дали го штити, а на видеото кое деновиве кружеше на социјалните мрежи, тој одговори на прашањето како ја направил маската.

Инаку, овој жител на Белград со својата необична маска беше снимен на протест пред неколку месеци. „Биди одговорен. Короната е десет пати полоша од сидата”, беше напишано на неговиот постер, а фотографиите потоа станаа вирални.

Поврзани содржини