БЕЛГРАЃАНИ НЕ САКААТ НИ ДА ЧУЈАТ ЗА ОВАА РАБОТА Македонци за 800 евра работат како доставувачи на храна во Белград

Потребата за овој вид работници е голема во Србија.

3,330

Бизнисот за испорака на храна се прошири во текот на последните две години за време на пандемијата на коронавирус. Иако можат да заработат околу 800 евра месечно во Белград, нема многу луѓе заинтересирани за оваа работа, така што работодавачите нашле работна сила надвор од границите на Србија, објави РТС.

– Узбеците први се кандидираа за оваа работа. Се појавуваат и Украинци, Македонци и луѓе од БиХ – изјави Стефан Шурлан, основачот на услугата за испорака.






Стефан Шурлан посочува дека работата ја проширил и во други земји, и се соочил со проблемот со недостаток на работна сила.

– Додека ја вршев оваа работа во Србија, бев изненаден бидејќи имаме ситуација каде што има работа насекаде, особено возачите се во недостаток. Нашите возачи треба да имаат Б- категорија или дури да возат електрични велосипеди, и замислете како им е на оние кои бараат возачи К – категорија – нагласува Шурлан.

Според него потребата од овие работници е голема.

Поврзани содржини