🎥 БЕЛГОРОД ВО ПЛАМЕН Руската војска уништи околу 30 украински дронови, загина и жена при нападот
За време на обидот на киевскиот режим вечерва да изврши терористички напади со воздушни беспилотни летала на територијата на Русија, системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 29 беспилотни летала во регионот Белгород и едно беспилотно летало во регионот Воронеж, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Руската војска соопшти дека уништила околу 30 украински беспилотни летала во текот на ноќта во областите на границата со Украина, при што според локалните власти загинала една жена, објави Ројтерс.
„За време на обидот на киевскиот режим вечерва да изврши терористички напади со воздушни беспилотни летала на територијата на Русија, системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 29 беспилотни летала во регионот Белгород и едно беспилотно летало во регионот Воронеж“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека еден цивил е убиен во село во регионот на Белгород.
Ukrainian militants attack a residential high rise apartment building in Belgorod, Russia pic.twitter.com/jIL4kEqg5G
— Zagonel (@Zagonel85) June 25, 2024