Белгиски новинар ја спореди македонската репрезентација со „фолксваген буба“
Не можете така лесно да дозволите 'фолксваген буба‘ да се натпреварува во Формула 1. Тоа ќе донесе симптатии од фановите и дополнителен број фанови, но сепак мора да се задржи стандардот, напиша белгискиот новинар Питер Ванденбемп.
Историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство предизвика бурни позитивни реакции низ цела Европа, па честитки пристинаа од поголемиот дел на фудбалските фанатици, па и од спортските работници ширум светот.
Не можете така лесно да дозволите 'фолксваген буба‘ да се натпреварува во Формула 1.
Сепак, белгискиот новинар Питер Ванденбемп не мисли така. Тој смета дека е погрешен начинот на којшто УЕФА им дава шанса на послабите репрезентации да учествуваат на Европското првенство.
Новинарот ја спореди нашата репрезентација со „фолксваген буба“.
„Погрешен е начинот на којшто УЕФА им дава шанса на помалите земји. Европското првенство со 16 учесници беше место на кое се натпреваруваа најдобрите. Мора да бидете на одредено ниво за да бидете дел од големо натпреварување. Не можете така лесно да дозволите ‘фолксваген буба‘ да се натпреварува во Формула 1. Тоа ќе донесе симптатии од фановите и дополнителен број фанови, но сепак мора да се задржи стандардот“, напиша Ванденбемп.