Белгиски епидемиолог очекува во август поголем бран на ковид-19

Можно е бројот на заразени како и бројот на хоспитализирани луѓе наскоро повторно може да почне да расте доколку пребрзо и немарно се укинат рестриктивните мерки или доколку не се придржуваме до правилата, изјави Стивен Ван Гухт.

404

Белгискиот Федерален центар за јавно здравје предупредува дека постојат сценарија за нов, поголем бран на зараза со ковид-19 уште во август, но оти е можен и трет бран.

– Можно е бројот на заразени како и бројот на хоспитализирани луѓе наскоро повторно може да почне да расте доколку пребрзо и немарно се укинат рестриктивните мерки или доколку не се придржуваме до правилата – изјави белгискиот епидемиолог Стивен Ван Гухт.






Белгиските експерти предупредуваат дека не е исклучено и воведување на втор „карантин“ на земјите на зима со цел да се намалу ширењето на инфекцијата.

„Се зависи од тоа колку ќе успееме да го адаптираме нашето однесување на новонастанатата ситуација и колку ќе биде успешна стратегијата за следење на контактите“, се наведува во соопштението на белгискиот Центар за јавно здравје.

Поврзани содржини