Белгија смета дека „кралевите“ го лажирале позитивниот ковид-тест на Азар!

Наводно сега ќе бараат цела документација од Реал за тоа дека Азар навистина го има ковид-19, но прашање е дали и тоа ќе ги убеди дека можеби се заразил.

343

Актуелниот шампион на Шпанија, Реал Мадрид објави дека две ѕвезди од првиот тим, Еден Азар и Касемиро се позитивни на коронавирус и поради тоа нема да играат против со Валенсија, па одат во изолација, но Белгија се сомнева дека првата ѕвезда Азар навистина е позитивен на ковид-19.

После денешните мечеви низ Европа, најголем дел од фудбалските ѕвезди ќе мора да заминат во своите земји, зашто ги чекаат настапи за репрезентациите, Европјаните во завршницата од Лигата на нации, а Јужноамериканците во мундијалските квалификации.






Но, Белгија се сомнева во релевантните тестови што Реал ги направил, поточно се сомневаат дека позитивниот наод на Азар е смислен и „наместен“ со цел Белгиецот, кој неодамна се врати на терените по повредата да не игра за националниот тим и да остане во Мадрид. Наводно сега ќе бараат цела документација од Реал за тоа дека Азар навистина го има ковид-19, но прашање е дали и тоа ќе ги убеди дека можеби се заразил.

Најголем дел од клубовите се противат на репрезентативните мечеви во овој период, прво поради опасноста од патувањата да се заразат нивните фудбалери, па дури и заразата да ја донесат и да ја прошират во соблекувалната, но и од страв од можни повреди поради презгуснатиот период во кој буквално нема одмор за репрезентативците и тие играат практично на секој трет ден.

Поврзани содржини