Белгија прогласи највисок степен на тревога поради ковид-19

Таканаречената „фаза 4“ подразбира воведување на полициски час во цела држава, се затвораат ноќни клубови и ресторани, дозволен е близок контакт само со едно лице надвор од семејството.

699

Белгиските власти поради огромниот пораст на бројот на заразени и хоспитализирани лица во новиот налет на коронавирусот, вечерва прогласија највисок степен на тревога во земјата.

– Бројот на инфекции се зголемува секојдневно и тоа многу брзо. Нашите лекари и болниците се под голем притисок. Водиме нерамноправна борба со овој вирус – порача белгискиот премиер Александер Де Кро.






Таканаречената „фаза 4“ подразбира воведување на полициски час во цела држава, се затвораат ноќни клубови и ресторани, дозволен е близок контакт само со едно лице надвор од семејството, а работење од далечина е обврзно таму каде што е можно.

Прехранбените продавници ќе останат отворени, но се откажани сите традиционални божиќни прослави и манифестации на улиците.

Поврзани содржини