Белгија: Од утре само најнеопходно излегување од дома

Од утре напладне, на белгиските државјани ќе им биде дозволено само да ги напуштат домовите ако одат на лекар, аптека или прехранбена продавница.

342

Белгискиот Национален безбедносен совет од утре напладне воведува построги мерки на социјална изолација за да го спречи ширењето на Ковид-19.

Од напладне в среда, на белгиските државјани ќе им биде дозволено само да ги напуштат домовите ако одат на лекар, аптека или прехранбена продавница.






Од граѓаните се бара да останат дома,а одење на работа ќе им бидат дозволено само на оние кои не се во можност да работат од дома.

Најновите бројки покажуваат дека досега во Белгија се заразени 1.243 лица, а 10 од нив починале од коронавирусот.

Поврзани содржини