БЕЛАТА КУЌА ОБЕЗБЕДИ 5,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ПЛАТА ЗА ВОЈСКАТА Трамп најде решение во последен момент
Ако воениот персонал на САД редовно добива плата, американскиот претседател Доналд Трамп нема намера да се бори против блокадата на американската федерална Влада, што ја предизвикаа демократите.
И покрај затворањето на американската федерална влада што трае веќе 28 дена, буџетскиот тим на американскиот претседател Доналд Трамп користеше пари од три различни сметки за да обезбеди исплата на платите на американските војници во петок, објавија американските медиуми.
Претходно, во текот на оваа седмица не беше јасно дали Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа ќе може да најде околу 5,3 милијарди долари до утре, колку што се потребни за плати на војската. Двајца неименувани претставници на Белата куќа потврдија за Аксиос дека парите се пронајдени во последен момент.
Ако воениот персонал на САД редовно добива плата, претседателот Трамп нема намера да се бори против блокадата на американската федерална Влада, што ја предизвикаа демократите.
Демократите го обвинија американскиот претседател за нелегално узурпирање на конгресните овластувања, за да присвои пари што нема право да ги користи. Но, Трамп и неговите сојузници во Конгресот веруваат дека противниците нема да ги тужат за спроведувањето заобиколни мерки за исплата на воениот персонал, бидејќи тоа би било премногу непопуларно.